- Апликации
- piOffice
- piAccounts
- piWebs
- piSupply
- piCallManager
- Услуги
- Интернет Маркетинг
- Linux
- Консалтинг
Пи Софт
Пи Софт е компанија која изготвува софтверски и системски решенија, кои ви овозможуваат едноставно раководење со работните процеси во вашата фирма. Со помош на напредни технологии, ви овозможува да ги намалите трошоците од оперативно работење и Ви овозможува зголемена соработка и зголемување на профитот. Вие сте слободни да ја вршите вашата работа каде и да сте, со Интернет врска. Вие располагате со навремена и целосна информација, лесно достапна со цел донесување на брзи и квалитетни одлуки, кои се предуслов за успешно работење.
Системите на Пи Софт ја имаат таа моќ да се прилагодат кон вашето работење, вам да ви ја олеснат комуникацијата во и надвор од компанијата, ви овозможуваат да пристапите од секое место со интернет, да ја најдете бараната информација веднаш. Софтверот го добивате без дополнителни лиценци и скриени трошоци, а поддршката од наша страна, ви овозможува целосно да се посветите на вашето работење.
Пи Софт нуди голем број на системи прилагодени кон вашето работење:
- piOffice, интегрирано управување со целокупната работа и водење на деловните процеси со зајакната колаборација во организацијата- управување со деловните процеси, управување со документацијата од целокупното работење, управување со ресурси, управување со набавки и продажба, управување со база на клиенти, контакти, е-маил, телефон, факс, календар,
- piAccounts, систем за целосно финансиско и материјално работење, плати, основни средства, магацин, мало продажба, големо продажба
- piSupply, софистициран систем за управување со ланецот на набавки, интегриран со piAccounts, ориентиран кон бизнис со бизнис решенија.
- piWebs, контент менаџмент систем за лесно објавување на информации на вашите веб портал. Целосно се интегрира со piOffice и овоможува дирекно публикување од него.
- PiCallManager , софтвер за Центар за поддршка и телефонски маркетинг, овозможува управување на влезни кампањи (поддршка, контакт центар, нарачки) и излезни кампањи (маркетинг и продажба).Дефинирање на примачи на повик, подесување на телефонски број на повикот и определување на менито за навигација, текстот се појавува на екранот на примачот на повикот, добивање на повик и давање информација назад која претходно била снимена, снимање на повици, Различни нивоа на пренос на повикот, кон вработените во рамки на организацијата, базирано на некои предуслови, Статистика на реализирани повици.